Розберг: Рекордите на Хамилтон се помеѓу најголемите достигнувања во спортот

Нико Розберг е полн со пофалби и честитки за својот поранешен колега, Луис Хамилтон, откако британецот стигна до својата 92ра победа што е рекорд воспортот.

Нико и Луис се бореа за титули како колеги во Мерцедес, а германецот победи во таа борба во 2016 година по што се повлече од Формула 1.

имам огромна почит за се што постигнува хамилтон. една работа е да се биде на негово ниво,значи да се биде феноменален возач, но да се задржи та форма постојано секоја година и секогаш да се биде оној кој што сите сакат да го победат е премногу тешко.

неговите постигнувања ќе бидат едни од најголемите во историјата на спортот, не само во формула 1 туку и спортот воопшто и поради тоа мора да му се честита и да му се “симне капа“ – изјави розберг.

Нико е единствен возач кој како колеги ги имал Шумахер и Хамилтон, двајцата најтрофејни во историјата на спортот и по него, двајцата се на исто ниво иако е импресиониран како Луис ја користи својата успешност да ги насочи своите фанови кон некои цели како борба против климатските промени.

мислам дека е навистина кул како луис ја користи социјалната платформа и свесноста за да прави добро во светот. тој навистина е напреден и гледа кон иднината и тоа многу го почитувам. и покрај тоа што стана најголемиот во формула 1 по постигнувањата, сеуште е приземен и ја гледа големата слика.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ