Розберг: Фетел е повеќе виновен од Леклер

Поранешниот Формла 1 првак на Мерцедес, Нико Розбер,г вели дека Себастијан Фетел го притиснал Шарл Леклер премногу во нивниот дуел на Бразилското Гранд При, што довело до судар помеѓу возачите на Ферари.

Откако стартуваше наназад на гридот поради казната, Леклер успеа да ги надомести позициите и да конкурира помеѓу водечките.

Во завршницата на трката, Леклер го претекна Фетел за 4то место во свиоко 1, но германецот потоа се обиде да ја врати позицијата во пресрет на свиокот 4 и додека мина покрај својот тимски колега, двајцата имаа контакт кој го означи крајот на трката.

Секако дека е многу тешко за двајцата и за тимот, тоа не е ситуација во која сакате да бидете, особено кога сте во Ферари, тоа е најлошо нешто што може да се случи.

Но во исто време, за жал однадвор, од аспект на забава, сите сакаме вакви инциденти бидејќи трките имаат повеќе вкус и интензитет. Сум имал таков инцидент и самиот. Навистина е тешко бидејќи сите притискаат максимално и не оставаат дополнителен простор, тоа е секогаш важно.

Леклер веќе остави минимален простор од надворешната страна, а Фетел веднаш штом почна да го претекнува, почна и да го притиска Леклер.

Леклер е помалку виновен, тоа е мое мислење. Сум имал слични инциденти. Тој што е напред мисли дека се движите побавно и важно е да го притиснете кон внатрешната страна максимално.

Прашање на милиметри .. додека да сфатите што се случува, веќе имате контакт. Колку што двајцата се агресивни, мала работа доведува до два уништени болида. Но Леклер е помалку виновен, бидејќи Фетел почна да се поместува кон внатрешната страна прерано и пребрзо.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ