Розберг: Ф1 ќе мора да стане електрична

Формула 1 се посвети на целосно еколошка иднина со новите мотори од 2026 година, но Нико Розберг смета дека тоа не е доволно. 

Шампионот од 2016 година смета дека Владите ги забрзуваат законите за забрана за мотори со внатрешно согорување и Формула 1 ќе мора да премина на целосна електрификација. 

Тие одат на синтетички горива, но мислам дека тоа не е најдоброто решение. Синтетичките горива се важни за авиони, големи бродови и камиони, Но Формула 1 мора да си ја одработи својата работа за развој на нив. Како што кажува Алехандро агаг, шефот на формула е, тие мора да преминат на електрификација – смета нико.

Агаг изјави дека сака да биде дел од стратегијата на Формула 1 за премин на алтернативно гориво и смета дека иднината е електрична. 

Развојот на батериите за електричните болиди оди побрзо секој ден. Сега можеме да сме побрзи доколку имаме енергија во батеријата, Но во однос на моторите со четири мотори, по еден на секое тркало, ќе сме далеку побрзи од Формула 1. Тоа ќе дојде кога ќе имаме подобри батерии и полесни. Сега ја имаме третата генерација на болиди која е неспоредлива со претходните. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ