Розберг: Хамилтон силно “гризе“ за да го победи Расел

Луис Хамилтон досега ја издржа својата најпредизвикувачка сезона во Формула 1 поради проблемите на Мерцедес, но тоа не е единствената битка што моментално ја води седумкратниот светски шампион според неговиот поранешен тимски колега Нико Розберг.

Надеж блесна врз тимот од Брекли и нивниот главен возач во Монтреал каде Хамилтон се искачи на својот втор подиум во сезоната, надминувајќи го на денот на трката Џорџ Расел само по втор пат оваа година. Младиот британец допрва треба да победи на својата прва трка со Мерцедес, но Расел досега покажа извонредна конзистентност, составувајќи серија од девет последователни пласмани во првите пет.

И покрај тоа што потскокнувањето беше голем проблем за Мерцедес, Расел се покажа подеднакво тежок за победа за Хамилтон, барем во сегашните околности. И тоа е ситуација со која Формула 1 мега ѕвездата можеби има проблеми да се справи, сугерира Розберг.

Луис вози најдобро што може. Тој штотуку имаше неверојатно несреќна сезона со сите овие различни работи што му се спротивставуваат. канада беше нормален викенд и тој испорача на вообичаениот прекрасен начин.

Таа возачка двојка е толку силна, неверојатна, но не правете грешка, Луис страсно мрази да биде втор по тимскиот колега, па затоа ќе биде ултра мотивиран и силно ќе притиска внатре во тимот – посочи нико.

Розберг, кој знае сè за огромниот предизвик да му пркоси на можеби најголемиот Формула 1 возач на сите времиња, беше полн со пофалби за досегашните достигнувања на Расел со Мерцедес, алаудирајќи ја смелоста на младиот возач, особено со оглед на проблемите што се одразуваат на болидот на новата генерација на неговиот тим.

Џорџ заврши одлична работа, феноменална, со оглед на тоа колку тешко беше да се вози тој болид. Да биде толку доследен, да вози толку добро, да не прави грешки, секогаш да го извлече максимумот од тоа, тој беше брилијантен.

И покрај напредокот на Мерцедес што беше прикажан во Канада, Розберг се сомнева дека неговиот поранешен тим ќе ги предизвика Ред Бул и Ферари во блиска иднина.

Болидот на Мерцедес на трката беше навистина пристоен. Мислев дека е толку прекрасно како Џорџ веднаш по стартот напредуваше, поминувајќи еден по друг болид надолу во гридот.

Мислам дека напредуваат, но има уште малку да се оди до Ферари и Ред Бул. Тие не можат да победат во Силверстон, тие се уште се премногу далеку.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ