Розберг: Чув дека Нетфликс веќе го снимале потписот на Расел за Мерцедес

Нико Розберг го одработи Холандското Гранд При заедно со тимот на британски Скај, а во последно време многу често да знае да пушти некоја атрактивна гласина по што се крева многу прашина.

патем, во врска со џорџ расел, чув гласина. одреден стриминг сервис, нетфликс, биле приутни во канцеларијата на тото волф за да го снимаат потпишувањето на договорот на џорџ расел. такви гласини кружат во падокот за расел – откри нико.

Нетфликс е стриминг сервисот кој има ексклузивен договор со Формула 1 во пресрет на секоја нова сезона да објавува серија во повеќе епизоди за се што се случувало претходната година. Серијата Drive to Survive е огромен погодок за спортот особено во САД каде донесе многу нова публика.

Џорџ Расел во Петок најави дека веќе знае каде ќе вози догодина, но дека се ќе се открие во вистинскиот момент. Речиси сигурно е дека тој ќе мине во Мерцедес, а Валери Ботас ќе оди во Алфа Ромео на испразнетото место на Кими Раиконен.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ