Розберг: Шансите за титула на Верстапен се зголемија

Нико Розберг верува дека шансите за титула на Макс Верстапен се зголемиле со скратената Формула 1 сезона во која веќе се одложија првите осум трки, а две од нив и дефинитивно нема да се одржат.

Спортот се надева дека ќе има неколку трки кон крајот на летото, а потоа календарот ќе се збие со цел да се добијат 15-18 трки сезонава. Розберг верува дека ваквиот календар му оди во прилог на Верстапен кој е најголем ривал на Хамилтон во 2020 година.

Ова ги зголемува шансите за изненадувачки шампион со помалку трки каде среќата игра голема улога. Одсекогаш сум сметал дека Ред Бул и Макс Верстапен ќе нападнат оваа година и ќе им ја отежнат работата на Мерцедес. Со скратена сезона шансите им се поголеми – смета розберг.

Во Формула 1 веќе има некои идеи за двојни трки во еден викенд каде Силверстон се понуди прв.

Одеднаш се е различно. Имате планови за цела сезона и сега возите две трки во еден викенд, а Тоа менува се. Начинот на употреба на моторите на пример, Тоа е многу комплицирано и сигурно е потребна едногласна одлука од тимовите. мислам дека тоа дефинитивно е можно бидејќи сите се отворени и сакаат да им овозможат на фановите забава.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ