Розберг ја откри слабоста на Алонсо

Нико Розберг откри дека е голем фан на Фернандо Алонсо исмета дека двократниот првак е еден од најталентираните возачи во историјата на Формула 1.

Но, првакот од 2016 година верува дека шпанецот има една слабост поради која веројатно не стигнал до уште повеќе победи во кариерата и уште повеќе титули во неговите 2 децении во елитата на моторспортот.

јас сум огромен фан на алонсо во моментов, го знам неговиот талент и вештини и верувам дека е еден од најдобрите на сите времиња. понекогаш му недостасува социјалниот момент, често имаше проблеми да биде во најдобрите екипи и најдобрите болиди зато што тие не го сакаа поради неговиот темперамент.

дефинитивно беше една од неговите лабости во кариерата за да дојде до уште подобри резултати кои ќе одговарсат повеќе на неговиот талент – посочи нико.

Репутацијата на шпанецот во Формула 1 датира од времето кога освои две последователни титули со Рено во 2005 и 2006 година и мина во Мекларен каде се судри со тогашната млада ѕвезда на спортот, Луис Хамилтон. Нивниот однос стана многу жесток, редовно имаа недоразбирања на патеката, така што многумина почнаа да се сомневаат во него.

за него да вози како што вози во моментов е навистина кул. ми беше многу жал за него во канада, сакав да биде во подиум и мислам дека алпин погрешија што му донесе казна.

вози фантастично и нема никакво оправдување дека само зема нечие место на гридот затоа што заслужува да биде во формула 1. тој е спектакуларен во своето возење, има фанови секаде низ светот кои го обожаваат и е вредност средство на алпин.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ