Розевата боја нe мрда, Астон Мартин и БВТ продолжуваат заедно

Австриската компанија специјализирана за менаџирање на вода, БВТ, ќе остане спонзор на Астон Мартин и оваа сезона и покрај тоа што медиумите шпекулираат дека преговараат со Вилијамс и Хаас.

За оваа година, Астон Мартин веќе ги замени БВТ како главни спонзори со американскиот ИТ гигант Когнизант иако лани имаа одлична соработка која донесе една победа, онаа на Серхио Перез во Шакир. Екипата сезонава е целосно ребрендирана и нема да биде повеќе Рејсинг Поинт туку фабричка Астон Мартин екипа и заштитните бои се очекува да бидат темно зелени.

БВТ ги прекина шпекулациите околу својата иднина во Формула 1 преку објава дека останува партнер на Астон Мартин и следнава сезона и покрај тоа што болидот на тимот нема да биде розев како минатите години.

и покрај тоа што изгледот на новиот тим кој ќе биде промовиран ан 3ти март во среда ќе биде различен од минатите години, ќе има нова основна боја, веќе добивме потврда дека бвт брендот ќе остане наш партнер и по ребрендитрањето – потврдија од централата на екипата во силверстон.

Главниот извршен директор на БВТ, Андреас Веисбанчер дополни:

горд сум што продолжуваме да го поддржуваме овој прекрасен тим и луѓе во ново поглавје на астон мартин како фабричка екипа во враќањето во формула 1. екипата имеш многу успешна 2020 година и сметаме дека не претстои уште поуспешен период поради што сакаме да продолжиме со нашата поддршка.

БВТ првично се надеваа на влез во спортот во 2017 година како спонзор на Мерцедес, но австријците сакаа исклучиво целосно ребрендирање на болид што “сребренеит“ не го дозволуваа.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ