Росенквист: Формула 1? Не благодарам. Сакам да победувам

Тркачкиот возач од Шведска, Феликс Росенквист, вели дека нема интерес да започне Формула 1 кариера каде не би бил задоволен тркајќи се без шанса за победа.

Формула 1? Не благодарам. Сакам да победувам на трки.

Росенквист, кој има 28 години, имаше ветувачка јуниорска кариера во Европа, освојувајќи ја титулата во европската Формула 3 серија во 2015 година, последователни победи во Макао, како и тест со ГП2 болид. Но заедно со поранешниот Формула 1 возач и менаџер, Стефан Јохансон, тој одлучи да замине во Америка каде во 2019 година стана дебитант на годината во ИндиКар со тимот на Чип Ганаси.

Оваа година на него ќе му се приклучи Маркус Ериксон во врвниот ИндиКар тим, кој исто така е менаџиран од Јохансон.

Ми се допаѓа што ИндиКар е потешка серија. Потешко е со различните видови на патеки, кој и да ја освои титулата е навистина комплетен возач. Не сакам да возам некаде каде не можам да победам. Ако не сте во вистинскиот тим во Формула 1, не може да победите. Ако сакав да се тркам за лоша екипа во Формула 1, тоа веќе ќе го направев, но тоа не го сакам.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ