Роси задоволен од подиумот на Окон

Главниот извршен директор на Алпин, Лорен Роси, ги пофали перформансите на тимот во Монако каде Естебан Окон дојде до својот прв подиум од Унгарија во 2021 година. 

Пјер Гасли донесе дополнителни поени завршувајќи на седма позиција. Резултатот беше пофален од Роси кој жестоко го критикуваше тимот за слабите перформанси и грешки од почетокот на сезоната. 

Многу сум среќен за тимот. Не можам да кажам дека сакам да завршуваат на трета позиција на секоја трка бидејќи тоа е нереално, но би сакале да работиме уште понапорно. Секако тука имавме силни перформанси и сите напорно работеа – задоволен е тој.

Алпин сеуште не е на чисто бидејќи Отмар Шафнауер најави дополнително реструктуирање на тимот во Енстон. Со ваквиот резултат присокот врз тимот се намали, но работата мора да се заврши. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ