Александер Роси: Мекларен дава шанса за влез во Ф1

Американецот Александер Роси посочи дека вклучувањето на Мекларен со своја екипа во Индикар тркачката серија ја зголемува надежта на возачите за влез во најпрестижната Формула 1.

“Портокаловите“ веќе неколку години се дел од најсилната американска тркачка серија, а токму Роси ќе вози со нив оваа сезона. Лани компанијата имаше голема соработка помеѓу Формула 1 тимот и Индикар тимот, а Пато О’Вард и Алекс Палу, заедно со Колтон Херта, сите Индикар тркачи, добија приватни тестови.

Роси веќе има пет Гранд При стартови зад себе и верува дека целиот Индикар грид може да искористи од Мекларен.

тие се многу приземјени во ова првнество и имаат директно разбирање за перформансите на возачи. знаат на која трка биле лоши, знаат кога нарпавиле нешто посебно или кога имале силни квалификации и поради нивната силна вклученост многу темелно и точно анализираат.

потешко е кога ги имате заобер или алфа ромео како анализираат индикар трки и возачи и не знаат точно од каде се неговите перформанси или резултати до кој дошол. кога не ст евклучени во серијата, тешко се доаѓа до точни информации.

тоа што го имаме мекарен дирктно вклучен во формула 1 и во индикар дефинитивно ги доближува двете тркачки серии. тиа ќе даваат можности на оние кои ќе заслужат, без оглед дали од нивната екипа или не. ако некој прави нешто посебно, тие сигурно ќе го посакаат за себе – посочи роси.

Лани доктор Хелмут Марко го сакаше Колтон Херта во АлфаТаури, но американецот немаше доволно поени на своајта суперлиценца и не доби Формула 1 можност.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ