Роси: Многу работи се променети од моето последно Ф1 искуство

МотоГП легендата Валентино Роси откри дека многу работи се промениле од неговиот последен тест на Формула 1 болид кој беше со Ферари Ф2008 во Барселона во 2010 година.

Откако тој го замени својот болид со шесткратниот Формула 1 првак Луис Хамилтон во Валенсија неделава на настан организиран од Монстер Енерџи, италијанецот откри дека за него возење Мерцедес В08 од 2017 година било фантастична можност.

и претходно сум возел формула 1 болид и многу работи се променети од тогаш. искрено сум импресиониран од болидот и држењето на патеката како и од тимот на мерцедес кои се одлични за соработка. ми посакаа добредојде и ми го олеснија целиот процес.

првично брзината е неверојатна, а г-силите и не се така страшни, но треба навикнување. што влезете во ритам можете вистински да притискате и таму е задоволството.

навистина уживав во искуството и соработката со луис и мислам дека и тој се забавуваше што видов од неговото разочарување кога престана да вози.

искрено се надевам дека во иднина ќе добивам повеќе вакви можности – изјави роси.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ