Роси се заљуби, сака 5-6 трки со автомобили годишно

МотоГП легендата, Докторот Валентино Роси, откри дека планира следната фаза од неговата тркачка кариера да биде на четири тркала откако искуси Формула 1 болид на настан во Валенсија. Италијанецот откри дека размислува за престижниот Ле Ман.

40-годишниот моторциклист минатата недела на настан организиран од компанијата за производство на енергетски пијалоци, Монстер, го проба болидот на Луис Хамилтон, додека британецот го искуси неговиот Јамаха.

Договорот на Вале со Јамаха истекува на крајот на следната сезона, а медиумите шпекулират дека по тоа ќе се повлече од МотоГП.

секогаш велам дека по завршување на кариерата со моторцикли, сакам да се обидам со автомобили. можам да извозам 5-6 трки во текот на годината и тоа би било одлично за мене. 24 часовната трка на ле ман и спа веројатно највеќе ќе ми одговараат – најави роси.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ