Рос Браун предупредува: Вилијамс не може да продолжи вака

Оперативниот шеф на Формула 1, Рос Браун, е силно загрижен за скорешната очајна форма на трофејниот Вилијамс. Екипата од Гроув е една од најуспешните на гридот со девет конструкторски и седум возачки титули зад своето име.

Тие напредуваа на почетокот во турбо хибридната ера откако со користење на моторот на Мерцедес беа при врвот, но во 2018 година беа последни, а лани освоија само 1 поени и тој “на среќа“. Тимот доцнеше и пропушти голем дел од предсезонските тестови лани така што сезоната пропадна уште пред да почне.

Рос призна дека е загрижен за тимот, но се надева дека промената во дистрибуцијата на приходите од 2021 година ќе му помогне на тимот да напредне.

сите сме загрижени за вилијамс кои имаа неколку претешки години и не смее да продолжат така затоа што ризикуаат да си ги загубат како спонзорите така и возачите. се надевам дека новата дистрибуција на приходите ќе им помогне затоа што тие се важен дел од формула 1 – изјави рос за италијанска Gazzetta dello Sport.

На врвот во тркачката серија се очекува тројна борба и оваа сезона помешу Мерцедес, Ферари и Ред Бул поради стабилност на регулативата, а Браун смета дека напредокот кој го направи Хонда заедно со Ред Бул може да биде сериозна закана за доминацијата на Мерцедес.

хонда завршија фантастина работа во последните 12 до 18 месеци. моторот многу го подобрија и верувам дека ќе продолжат така и оваа година давајќу му шанса на ред бул да победува. ферари лани имаа многу подеми и падови.

тука се и мекларен кој многу се подобрија, но не мислам дека се во состојба д асе борат со водечките.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ