Рос Браун: Штета што тимовите се откажаа од новите гуми

Спортскиот директор на Формула 1, Рос Браун, смета дека е штета што тимовите едногласни одбиле да возат со гумите кои Пирели ги развиваше и планираше за 2020 година затоа што истите ќе им дозволеле пожестоко да се тркаат.

Тест со прототип гумите беше направен на петочната тренинг сесија во Америка, а сите екипи заедно по трката во Абу Даби два дена ги тестираа гумите, но позитивни коментари околу истите имаше навистина многу малку. Следуваше гласање на кое екипите беа едноглсни дека следната година ќе возат со истите гуми како и оваа.

за жал, целта за 2020 година беше да им се даде поголема способност на возачите да се потпираат на гумите за да се тркаат пожестокот. требаше да бидат побрзи, не можеше да бидат побавни секако, ништо не навестуваше дека ќе бидат побавни.

возачите бараат гуми на кои може да се потпрат поагресивно за реме на трка без да губат перформанси и гумите беа токму такви, знаци дека целта е постигната секако дека постоеја.

но, проблемот се јави дека промената на конструкцијата на гумите од страна на пирели бараше да се промени и дел од аеродинамиката на тимовите. страничните ѕидови и дисторзијата на гумите беше опинаква и тоа “реметеше“ делови на самиот болид. мислам дека голем број екипи не сакаа да работат на тој дел затоа што со таква промена ќе мораше да ја менуваат целата конструкција на својот болид.

јас преферирав да се возиз со новите гуми и д асе решат проблемите за да се стигне до поставените цели, но екиите решија друго и тоа е тоа.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ