Русија не сака “рокада“ со Кина

Организаторите на Руското Гранд При не сакаат да го заменат своето место на календарот со Кина откако Стратегиската Група треба да се собере денеска и да дискутира за трката.

Трката крај Шангај е под знак прашалник откако Формула Е трката на 21 МАрт веќе е откажана поради силното ширење на корона вирусот кој веќе усмрти над 350 луѓе, а инфицирани се над 17 илјади.

Како можно решение се споменува “рокада“ на Русија со Кина откако Сочи секогаш бил домаќин во првиот дел од сезоната, но русите оваа година се изборија да бидат домаќини подоцна и не се расположени да се откажат од тоа.

датумот за руското гранд при е во октомври, тоа е дговорено лани и нема да се промени – изјави портпарол од сочи.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ