Русија, Т1: Ботас пред сите, но Луис и Макс се преблиску

Валтери Ботас имаше најбрз круг на првите 60 минути возење низ олимпиското Сочи, неговиот колега Луис Хамилтон заостана нешто над 2 десетинки, додека Макс верстапен беше 2 стотинки побавен од својот конкурент за насловот.

Шарл Леклер со новиот мотор на Ферари постави 4то време, но со 7 десетинки заостаток зад Мерцедес, а беше повеќе од 6 десетинки побрз од Себастијан Фетел од Астон Мартин. Гасли азостана само стотинка зад Себ и со својот АлфаТаури имаше 6то време, додека две стотинки зад него беше второто Ферари на Карлос Саинз.

Ландо Норис беше побрзиот Мекларен, иако заостана дури 1,5 секунди, додека Серхио Перез беше зад него, а последен во топ 10 беше Фернандо Алонсо кој бесе стотинка пред својот колега.

Хаас беа единствени со над 4 секунди заостток, а Мазепин на домашната патека беше 4 десетинки пред Мик Шумахер.

Јуки Тсунода беше најактивен со дури 26 обиколки, двојно повеќе од Макс Верстапен кој забележа 13 кругови.

Image

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ