Русија, Т2: Ботас повторно најбрз

Валтери Ботас ја заврши на чело и втората тренинг сесија за Големата награда на Русија, но овој пат неговиот колега Луис Хамилтон беше со второ време за само 27 стотинки побавно од она на финецот.

Даниел Рикардо повторно најбрз од останатите, овој пат со своето Рено заостана “ситно“ над една секунда, а зад него бе двата болиди на Мекларен со дополнителни 2-3 десетинки заостаток. Чеко Перез имаше 6то време и повторно беше далеку подобар од својот колега Строл кој вози со новините на болидот.

Макс Верстапен беше 3ти по првите 90 минути, но овој пат имаше 7мо време со 1,5 секунди заостаток, пред Шарл Леклер од Ферари кој беше само 4 илјадитинки поспор од него. Естебан Окон и Себастијан Фетел беа последни во топ 10 со над 1,6 секунди заостаток.

Роман Гросжан беше најбавен и единствен со над 3 секунди заостаток во однос на најбрзото време.

Боас и Квјат беа најактивни со по 37 обиколки по олимпискиот автодром во Сочи, додека Рикардо возеше најмалку, но и тој имаше дури 27 кругови.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ