Русија – Хамилтон недостижен

Луис Хамилтон стигна до својата 9те победа оваа сезона, 42ра во неговата кариера (исто со Ветел), а во исто време ја донесе и 41та победа на “сребрената стрела“. На 2то место се пласираше Себастијан Ветел стигнувајќи до својот 77ми подиум за превземање на 2то место во генералниот пласман од Нико Розберг. По невидено возбудливи последни два круга, до последното место на подиумот стигна Серхио Перез, што е негов 5ти во кариерата, а 3ти за Форс Индија. Судар во последниот круг на Ботас и Раиконен додека се бореа за подиум, по што 4то место му припадна на Маса. 7мо место за Заубер и два Мекларени во поени. Да почнеме од почеток…

rusija_start

Стартот на трката беше чист, но само првите 100 метри. Свиокот број 1 беше претесен да ги собере сите, Нико Хулкенберг се изврте на средина на патеката, доста болиди го избегнаа, но Маркус Ериксон “го јавна“. Со задното тркало овој инцидент го “осети“ и Макс Верстапен. Резултат – Форс Индија и Заубер надвор од трка, Верстапен со дупната гума, безбедносно возило на патеката.

Мешаницата зема уште една жртва откако Роман Гросжан не успеа да докочи и се удри во задниот дел на Серхио Перез што значеше посета на механичарите и менување на носот.

luis hamilton niko rozberg rusija start bezbednosno vozilo

Сепак, до безбедносното возило, Кими имаше одличен старт и од 5то место успеа да напредува 2 позиции, претекнувајќи ги Ветел и Ботас.

Колку беше стартот добар за Кими, толку рестартот беше “за никаде“. 4от круг, кога безбедносното возило се врати каде што му е местото, Раиконен заспа и беше прелетан од Валтери Ботас кој ја превзеде 3та позиција.

niko rozberg rusija otkazuvanje

Круг подоцна, огромен пех за Нико Розберг додека ја водеше трката. По тимското радио јави дека педалата за гас му се заглавила, а два круга подоцна, во немоќ им препушташе позиции на Луис, Валтери, Кими, Себастијан… Седмиот круг беше крај за трката на Розберг.

rusija_vetel_kimi

Фелипе Маса одлично тргна и за само 10тина кругови од 15то дојде на 9то место, успевајќи да надомести тоа што го расипа со вчерашниот круг на квалификациите. Исто толку кругови им беа потребни и на возачите на Ред Бул, од 10то и 11то место и да се пробијат на 6то односно 7мо.

Второ безбедносно возило во 12от круг откако Роман Гросжан “го загуби“ задниот дел од болидот на летечкиот свиок број 3, се изврте и се заби во оградата. Доста возачи го искористија овој инцидент да ги променат гумите.

Рестартот на трката беше во 17от круг, а Ветел од 5то место веднаш го нападна својот тимски колега Раиконен и му ја превзеде позицијата.

rusija_vetel_raikonen

Круг подоцна, Даниел Рикардо и Карлос Сајнз имаа фантастична борба на три последователни кривини. Во 26от круг, стјуардите му изрекоа казна на шпанецот од 5 секунди поради неправилно влегување во боксот, ја преминал белата линија која го одвојува влезот од останатиот дел од патеката.

daniel rikardo i karlos sajnz za 10to

Валтери Ботас прв влезе во боксот од водечката 4ка. Во 27от круг ги промени гумите за бавни 3,4 секунди, но полшо беше што излезе на 11та позиција со многу гужва пред себе. Но, неговиот влез беше неизбежен затоа што почна драстично да ги губи секундите предност кои ги имаше пред Ветел.

rusija_botas

Ферари менуваше во 31от и 32от круг, најпрвин Себ па Кими. Еднаков третман – двајцата се задржаа по 2,2 секунди. Ветел успеа да излезе пред Ботас, на 2та позиција, додека Раиконен излезе на 6то место, веднаш зад својот сонародник. Луис Хамилтон беше во бокс во 33от круг и се задржа 3,1 секунда. Во кругот број 35, Фелипе Наср со својот Заубер влезе последен во боксот.

rusija_botas_raikonen

Раиконен се залепи до Валтери и во 36от круг имаа долга борба во првиот сектор, но помладиот финец успеа да се одбрани. Последните 8 кругови беа драма. Во тој момент поредокот беше Луис, Себ, Перез, Рикардо, Ботас и Раиконен, а од мексиканецот до Кими имаше 5 секунди разлика, што значи дека борбата за последното место на подиумот беше целосно отворена.

Кругот број 45 беше момемтнот кога Валтери го мина Рикардо. По еден несуепешен обид, Кими го стори истото еден круг подоцна. Три кругови подоцна, Даниел Рикардо го паркираше својот Ред Бул поради проблеми со суспензијата.  Во истиот круг, се откажа и Карлос Сајнз кој беше во поени, но се изврте откако целосно ги “загуби“ сопирачките.

rusija_vetel_redar

Во 49от круг Себастијан Ветел пролета покрај редар кој собираше дел отпаднат од некој болид, при што по тимското радио изјави дека има некој многу храбар русин на патеката.

Последните два круга беа драма. Серхио, Валтери и Кими беа во колона еден зад друг, со тоа што веќе 10тина кругови Форс Индија имаше проблеми со гумите, а Раиконен имаше најсвежи пневматици. Претпоследниот круг, Ботас успеа да го мине Перез во последниот сектор, а се “мушна“ и Раиконен.

raikonnen_bottas_sochi

Во последниот круг борбата за 3то место помеѓу Ботас и Кими беше отворена. Во првиот дел од стазата, Раиконен “фати“ подобар залет по летечката 4та кривина и дојде од внатрешниот дел на следната. Се работеше за десен свиок, а Ферарито беше само со предните тркала до Вилијамсот. Валтери не го забележа тоа и влезе во кривината како и обично со што дојде до судар кој ќе биде предмет на разгледување од страна на стјуардите. Ботас заврши во ограда, а Кими со откачен под и милион искри зад себе успеа да дојде до 5то место откако беше претекнат од Фелипе Маса. По трката стујардите на Раиконен му доделија казна од 30 секунди поради предизвикување на судирот со Валтери Ботас, со што неговата позиција падна на 8мо место.

Даниил Квјат успеа да им донесе малку радост на навивачите со 6та позиција, а зад него круна на одличната трка во бодови стави Фелипе Наср. Малдонадо по долга борба со се и сешто заврши како 8ми, а последните две позиции во топ10 беа за Батон и Алонс. 11ти и последен во исти круг со победниците беше Верстапен.

По оваа трка, Луис е убедиво прв, а 2та позиција од Нико ја превзема Ветел и сега е 7 поени пред својот сонародник. Кими ја зголеми предноста пред Валтери, Квјат го мина Рикардо, а Перез се одлепи на Хулкенберг. Кај конструкторите, Мерцедес сеуште теоретски ја нема освоено титулата, а на дното на табелата се вжештува помеѓу Мекларен, Заубер и Торо Росо.

rusija_rezultati_trka

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ