Саинз верува дека болидите стануваат се потешки за следење

Возачот на Ферари, Карлос Саинз, верува дека сегашната генерација на болиди се повеќе наликува на претходната, односно болидите стануваат потешки за следење.

Актуелната генерација на болиди беше дизајнирана за да се доближи тркањето со анулирање на нечистиот воздух односно аеродинамичката турбуленција која се создава позади болидот. За таа цел, ФИА го ограничи силно псотавувањеѕо на секакви крила на шасијата и наместо тоа, потисната сила се генерира од подот на болидот.

овие болиди во нечист воздух стануваат се полоши споредено со лани, веројатно се додава само повеќе потисна сила. стануваат како старите болиди кога нечистиот воздух сериозно ограничуваше и претекнувањето и следењето не беше воопшто лесно – посочи шпанецот од скудерија.

Ова мислење на Карлос го делат и другите возачи. Ландо Норис се бореше со Логан Сарџент и Оскар Пиастри за 15то место и исто така воочил дека следењето е тешко.

нашиот болид е полош на трка одошто се надевавме, не можеме лесно да следиме никој и на нечист воздух навистина многу се мачиме и губиме перформанси – вели норис.

Американецот Сарџент исто така приметил дека воздухот што зад себе го генерриа болидот му ја одзел можноста да го нападне Нико Хулкенберг.

бев конкурентен по безбедносното возило и се тркав со нико хулкенберг, но како што притискавме се повеќе, нечистиот воздух ми губеше навистина доста перформанси и прерано ги потрошив гумите.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ