Саинз верува дека средината од поредокот ќе биде многу густа во Џеда

Возачот на Ферари, Карлос Саинз, верува дека претстојното Саудиска Гранд При низ уличната патека во Џеда ќе ја згусне средината од поредокот.

Се очекува брзата природа на новоизградената патека да му годи на Мерцедес на чело на поредокот, така што борбата за најдобар од останатите останува целосно отворена. 

Ферари традиционално сезонава се посилни на патеки кои бараат поголема потисна сила во однос на Мекларен, во последно време силни на квалификации стануваа и АлфаТаури, но Алпин беа извонредни пред две неели во Катар. Поради тоа Саинз смета дека борбата викендов ќе биде неверојатно изедначена.

последните неколку патеки од сезонава се непознаница за сите и јасно е дека никој не знае што не чека во џеда. се чини дека патеката е многу брза и видовме дека на такви патеки станува многу жестоко помеѓу нас, мекалрен, алфатаури и апин, така што ќе биде пеколна битка.

следува абу даби каде имаше значителни преправки на патеката и таму предизвикот исто така ќе биде голем. се чини дека јас марина е побрза патека одошто беше досега, има една шикана помалку, побрзо се минува, има подобар тек и сето тоа ќе го згусне поредокот.

ќе бидат многу тешки две последни трки, но ќе продолжиме да работиме како до сега, со цела сила како тим и мислам дека ќе донесеме силни поени и ќе испорачаме добри резултати – најави шпанецот.

Во моментов тимот од Маранело има 39,5 поени предност во однос на Мекалрен во борбата за 3то место во конструкторскиот поредок на само две трки пред крајот на сезоната, но иако освојувањето на 3то место изгледа извесно, Биното не сака да се опушта.

јасно е дека сезоанта сеуште не е завршена, има уште две трки и фокусирани сме да бидеме колку што можеме подобри на нив. лани бевме 6ти со многу помалку освоени поени и мислам дека извадивме максимум од правилата кои се на сила со оглед на ограничениот развој кој беше дозволен годинава.

мислам дека екипата направи фантастичен напредк, искористивме се што можевме и поради тоа сум многу повеќе среќен одошто поради освоеното 3то место кај конструкторите.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ