Саинз гледа шанса за победа во Барселона

Карлос Саинз ќе се трка на домашна трка во Барселона каде се надева дека со своето Ферари ќе може да дојде до победа. 

Шпанецот освои поени на три од пет до сега извозени трки, но имаше тешки излетувања и два пати не ја заврши трката. Ред Бул се покажа како посилен од Ферари откако ги победи на последните две трки возени во Имола и Мајами. 

Но, сега Скудерија носи надградби во Каталонија, новини што треба да ги зголеми шансите за успех. 

Имавме интензивна недела и доста забавна во исто време. Мислам дека сега имам вистинска шанса за подиум или победа на домашна трка и чувството е посебно. Картите се распродадени и мислам дека ќе имаме полни трибини навивачи – откри карлос.

Саинз сеуште нема победа во својата Формула 1 кариера и се надева дека првата ќе му биде на домашен терен. 

Тоа би било моја прва победа и посебна ќе биде бидејќи ќе биде на домашен терен. 

Тој го знае секој дел од асфалтот бидејќи му е домашна трка и долго време се користи за предсезонски тест. 

Секогаш ја приметувам публиката. Дома сум бил секогаш најдобар и сум носел поени со болид кој тешко освојува поени, но оваа сезона имаме болид за победа и ќе направам се да го искористам. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ