Саинз демантира дека се повредил и нема да се трка во Монако

Карлос Саинз демантираше дека повредата која ја доби на традиционалниот фудбалски натрпевар помеѓу возачите во пресрет на Гранд При тркара во Монако е сериозна и ќе спречи тој да се трка.

Заедно со колегата Шарл Леклер и Пјер Гасли од Алпин, Карлос учествуваше во годишниот добротворен фудбалски натпревар во Монако организиран од Неговото височество, Принцот Алберт, настан кој по традиција се случува пред трката низ Кнежевството.

Во второто полувреме, тој беше принуден да го наушти наптреварот по силен контакт со противник во левата нога додека се бореше за топката, а социјалните медиуми ведбаш почнаа да шпекулираат дека Скудерија нема да може да смета на него викендов.

здрааво на сите. само сакав да ви кажам дека се чувствувам подготвено за трка викендов во монако. она што се случи вчера беше фудбалски контакт за време на традиционалниот, добротворен фудбалски натпревар, но далеку од повреда. уживам да играм фудбал како и секогаш и нетрпелив сум на гранд при трката викендов – напиша на својот профил шпанецот.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ