Саинз до квалификациски рекорд под многу тешки услови

Карлос Саинз од Мекларен стигна до 3то место на денешните квалификации за негов најдобар резултат во саботните борби за стартна позиција во многу тешки услови и силен дожд кој не престануваше на Ред Бул Ринг.

Шпанецот ќе тргне од подобрата позиција во вториот ред крај Валтери Ботас од Мерцедес откако одложените квалификации ги одработе одлично.

многу сум среќен што се враќам на оваа патека со 3то место на квалификациите, за прв пат во мојата кариера. вториот ред изгледа одлично особено затоа што овие квалификации беа веројатно најтешки во мојата кариера.

да се одработи се како што треба во тој последен круг е одлично, но имаше многу аквапланинг и пролизгување што беше лудо и опасно на правците. згрешите ли нешто и лизгате кон оградата – се присетува карлос.

уживав во вакво возење, но по квалификациите разговарав со макс и луис и тие беа возбудени од тешките услови – изјави саинз.

Карлос е свесен дека ќе иде повеќе од тешко да се задржи тоа 3то место и на крајот од утрешната трка особено со оглед на фактот што се најавува суво време, а зад него има навистина брзи болиди, но тој е оптимист.

болидот беше подобар одошто мислевме на долги серии односно симулации на трки по тестовите во барселона. убедени сме во пресрет на трката дека можеме да се носиме со ред бул, со ферари и со рејсинг поинт, но каков е точно распоредот навистина не можам да прогнозирам.

сигурен сум дека ќе го имам алекс залепен зад мене, валтери ќе стартува до мене и ќе бидат тешки кругови на почетокот додека не го најдам својот ритам – најави карлос.

Неговиот колега кој финишираше на подиум минатата недела се квалификуваше на 6то место, но ќе тргне од 9то поради казната за непочитување на жолто знаме вчера.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ