Саинз е главна цел на Ауди

Според некои гласини, Карлос Саинз од Ферари е главна цел на германскиот бренд Ауди кој треба да влезе во Формула 1 во 2026 година. 

Шпанецот ја вози својата трета сезона за Скудерија откако премина во тимот во 2021 година од Мекларен и има уште една година од неговиот договор со Скудерија.  Според швајцарските весници се тврди дека Саинз ќе се префрли во Ауди кога ќе му истече договорот. 

Главниот преговарач за договорот е актуелниот извршен директор на Заубер, Андреас Сеидл, кој му беше шеф на Саинз во Мекларен во 2019 и 2020 година. 

Доколку сака да се бори за победи, мора да има околу 60 добри трки. Првите сериозни гласини доаѓаат од Шпанија каде возачот на Ферари, Карлос Саинз нема шанси за титула поради Леклер и е на врвот на листата на Сеидл – велат швајцарските весници.

И покрај тоа што беше подобар во првата година во Ферари, Саинз минатата година не успеа да го повтори успехот откако се променија правилата. Тој се мачеше да се адаптира на новиот болид и не заврши на две од првите четири трки. Во текот на сезоната имаше доста проблеми но дојде до една пол позиција и една победа во Британија. Преминот во Ауди ќе го тргне од сенката на Леклер во Ферари.

Саинз до сега бил во четири од 10 тимови на гридот. Својата кариера ја започна во Торо Росо, премина во фабричкиот Рено, а од таму дојде во Мекларен со кој имаше доста успех и сега во моментов е во Ферари. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ