Саинз е сеуште истиот Карлос, но вози за Ферари

Карлос Саинз чувствува голема одговорност со тоа што вози во Ферари, но тоа не го променило како личност. 

Шпанецот доби доста пофалби оваа сезона откако вози за Скудерија, а поранешниот возач на Торо Росо и негов сонародник, Хаиме Алгуерсуари, смета дека тој има шампионски потенцијал. 

Саинз е само половина поен пред неговиот колега Шарл Леклер, а тандемоте еден од најсилните во шампионатот. 

Сега чувствувам дека е реално и живеам со тоа. Малку беше чудна ситуација кога си реков дека сум возач на Ферари. Сеуште сум истиот Карлос, Јас сум истиот човек, истиот возач со иста страст и талент. Само возам за Ферари. Тоа е огромна одговорност посебно кога возиш во Италија.

Иако Саинз привлече доста внимание како возач, сепак тоа што вози Ферари му додаде уште поголемо внимаени и тој смета дека ќе направи голема разлика од почетокот на сезоната. 

Кога одиш на Монца, тогаш сфаќаш дека си возач на Ферари. Тоа се чувствува во целиот свет, Но кога си на Монца сфаќаш колку тоа значи. Тоа е многу поголемо одошто можете да замислите. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ