Саинз е целосно против проширување на календарот

Покрај планираното скратување на должината на Ф1 викендот, Карло Саинз вели дека е целосно против рапидно проширување на календарот во иднина.

Од 2021 година сите Ф1 викенди ќе бидат скратени на 3 дена, концентрирајќи ги активностите од Петок до Сабота, што ги отстранува активностите во Четврток, со цел да се намали ефектот од долга сезона со помалку патување и денови поминати надвор од домот за сите инволвирани.

Решението е воведено за да се балансира проширувањето на Ф1 календарот на 22 трки следната сезона. Но, по плановите да се прошири календарот на 25 трки, Саинз не смета дека кратење на траењето на настаните е фер решение поради многубројните активности кои тимските членови веќе ги имаат.

Моите чувства е помешани. Лично ми се допаѓа кога Формула 1 пристигнува на едно место и има големо влијание по што настанот трае цела недела. Мислам дека има премногу патување и премногу се очекува од механичарите, но мислам дека на овој начин може да се подготвиме за поголем календар, за што сум целосно против.

22 или 21 трка е веќе премногу. Мислам дека дополнителен ден кој ќе го отстраниме нема да надомести за тие 25 трки кои би ги имале во иднина.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ