Саинз: Знам дека Васур ќе биде одличен

Карлос Саинз е убеден дека новиот шеф на Ферари, Фред Васур, одлично ќе ја работи својата работа откако веќе имал првичен разговор со новиот шеф.

Во Маранело неделава потврдија дека веќе порашениот шеф на Алфа Ромео и Главен извршен директор на Заубер, ќе го предводи славниот тим од почетокот на следната година и сето тоа по заминувањето на Матиа Биното. Пред да дојде не чело на швајцарски Заубер, Васур во 2016 година беше шеф на фабричкиот Рено тим, а претходно има богато моторспорт искуство со својот АРТ Гранд При тим.

кога и да дојде некој нов, носи дополнителна мотивација, сака да се докаже за свое добро и доброто на тимот. мораме да му дадеме време да видиме како ќе раководи со екипата и како ќе ги спроведе промените кои смета дека се потребни. ферари е огромен и знам дека ќе биде потребно време, ништо не се случува преку ноќ – објасни саинз за шпанска Estrella Galicia,

Шпанецот откри дека веќе разговарал со Васур откако беше потврден за нов шеф на екипата и дека имал и претходен контакт со него кога заедно беа дел од Рено.

сум чул многу добри работи за него, лично го знам, сакаше да ме донесе во рено кога беше таму. разговаравме вчера, му се јавив и со тоа го имав првиот контакт со ојот нов шеф. сигурен сум дека добро ќе му оди.

Васур ќе го превземе тимот во момент кога тие напаѓаат за титула по сушата која има трае од 2008 година и сезонава почнаа да победуваат, но не успејаа да држат чекор со Ред Бул.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ