Саинз имал чудни преговори со Ферари

Карлос Саинз се присетува дека неговиот преговори со Ферари од скоро, биле чудни, а во исто време е благодарен на Мекларен за нивната поддршка.

Минатата недела Саинз објави дека ќе биде замена за Фетел во италијанскиот тим следната сезона, во која ќе биде колега на Шарл Леклер. Бидејќи не бил во можност да патува до Маранело поради ситуацијата со Корона вирусот и да преговара лице-во-лице, тој и неговиот менаџер постигнале се преку телефон, кој тој мисли дека било чудно.

Тоа беше многу посебна недела. Преговори без да се сретнете со луѓето е чудна работа. Бев дома со мојот татко и во постојана врска со мојот агент, а на крајот се помина добро.

Морам да се заблагодарам на Мекларен и целата екипа за се што направија за мене. Сега одвај чекам да ги видам и да им се заблагодарам лично. Сакам да се вратам во Вокинг и да работам повторно.

Мислев дека по мојата вест, некои ќе бидат лути, но наместо тоа, добив пораки со поддршка и почит, затоа сакам да им се заблагодарам – искрен е шпанецот.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ