Саинз искрено: Никој не е побрз од Леклер на квалификации

Карлос Саинз посочи дека неговиот колега, Шарл Леклер, е дефинитивно еден од најдобрите квалификанти во Формула 1 откако виде што може да направи во однос на него на квалификции со исти болид.

Познато е дека моначанецот е многу брз во Сабота, но Саинв “од прва рака“ го виде тоа. Во моментов на до сега извозените 20 трки, Леклер 13 пати беше подобар од својот колега, а во Монако и Баку имаше и сосема неочекувани, но фантастични пол позиции.

мислам дека шарл е најдобриот квалификант, ако не е најдобар, сигурно е еден од најдобрите. го кажувам ова сега затоа што станувам свесен за неговото ниво, но не зборувам само за брзината, туку и за неговиот начин на работа.

одлично работи со тимот и да бидам искрен, има многу силни страни кои го прават многу силен возач. предизвик е да си против него, но јас уживам затоа што знам дека е фантастични брз – објасни шпанецот.

Возачите на Скудерија се блиску еден до друг во возачкиот поредок, а Саинз заостанува минимални 6,5 поени во пресрет на послените две трки. Матиа Биното уште пред трката во Катар најави дека тие имаат дозвола да се тркаат.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ