Саинз и Норис со спротивен исход и емоции

Ландо Норис се пласираше на петто место на Британското Гранд При и повторно покажа добри перформанси за Мекларен, но подобриот резултат требаше да му припадне на Карлос Саинз.

Саинз возеше кон добар пласман, но на крајот ја заврши трката на 13то место поради откажувањето на левиот преден пневматик, а 4то место му избега од раце.

Мислам дека беше тешка трка. Не ги имавме најдобрите перформанси, Рено изгледаа подобро од нас. Не притискавме со пневматиците на начин на кој посакуваме. Но сепак завршив на добро место – изјави Норис.

До него, при интервјуата, стоеше помалку среќниот Саинз.

Знаевме дека пневматиците ќе бидат важни и тоа се докажа. Севкупно, немав среќа првите три или четири викенди. Денес изгубивме многу поени. Разочаран сум. Нема да лажам.

Се помина добро до последните 2 круга. Не можам да се обвинувам себе. Како тим, правиме напредок. Болидот е чекор напред споредено со минатата година. Рено се добри во квалификациите, но денес требаше да завршиме пред нив.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ