Саинз и Норис ја подржуваат одлуката за помеки гуми

Пирели и Формула 1 се обидуваат да го размрдаат поредокот на Силверстон со степен пониски гуи викендов од претходниот поради тоа што легедарниот автодром е домаќин на две трки оваа сезона. 

Возачите и тимовите ќе возат со различни стратегии каде треба да се справат со помеки компоненти кои имаат висока деградација. За Норис ова е одлично бидејќи ќе било здодевно ако ги користеле истите гуми од минатиот викенд. 

Мислам дека е добро да се проба нешто различно. Дали ќе биде подобро или полошо не знам, но Мислам дека ќе биде предизвик за тимовите да се пробаат различни гуми.

Минатата недела не беше возбулива трка. Возбудливо беше само откажувањето на гумите при крајот. Покрај тоа, беше досадна трка. Мислам дека со промената може да е поитнересно. 

Саинз мисли исто како Норис околу помеките гуми. 

сметам дека Формула 1 и Пирели донесоа вистинска одлука за помеки гуми. Сите знаеме дека нема да се толку добри, но мора да се направи нешто непредвидливо.

Во последните години со новите болиди трките се само со едно застанување. Мислам дека сега ќе биде различно. Треба да видиме како ќе се одвива ова.

Пирели понекогаш се тешки за соработка кога не им траат гумите, Но тие се поттурнати од Формула 1 и ФОМ да донесат помеки гуми. Доколку гумите траат кратко тоа нема да е тоа што го сака Пирели.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ