Саинз: Најдобрата трка во кариерата ми донесе подиум

Карлос Саинз смета дека најдобрата трка и неговото најдобро возење во кариерата му го донеле првиот Формула 1 подиум на последното Бразилско Гранд При.

На квалификациите шпанецот загуби моќ од својот мотор, не постави време и беше приморан да стартува од последното место на гридот, но користеше стратегија со едно застанување во боксот и заврши на 4то место, кое по казната на Луис Хамилтон беше 3то односно подиум.

кој и да ми кажеше во сабота кога уште бев лут по се што се случуваше во текот на денот дека од 20то место ќе стигнам до 3то немаше да му верувам.

сеуште не “ми легнал“ резултатот, но чувството е навистина посебно. разојот на трката и добивањето на шанса за подиум за сите во тимот по ваква трка е многу чудно, но посебно чувство, посебен ден кој секогаш ќе го памтам.

време е да славам, но и да продолжам да притискам и работам. мислам дека сме на вистинскиот пат и мекларен заслужува трофеј исто како и јас – смета карлос.

Шпанецот ја оцени стратегијата со едно застанување како коцка и покрај тоа што биле свесни дека по второто безбедносно возило ќе останат ранливи, но сепак успеал да ги задржли двете Алфи зад себе.

немав никаков грип, тркалата ми вртеа во место и во четврта брзина по рестартот, бев многу бавен и не можев да ги загреам гумите воопшто.

ми се закочија тркалата во првата кривина, немав грип, но успевав да минувам низ вистинските линии и можеби рели вештините ми помогнаа со држењето и возењето на болидот.

потоа само се бранев колку што можев пожестоко и успеав да завршам на 4то место. беше трка во која цело време напаѓав освен на крајот, но беше и моја најдобра трка дефинитивно – откри вознудениот саинз.

Со двојните поени и подиумот, Мекларен и теоретски си го обезбеди 4то место во конструкторскиот поредок.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ