Саинз незадоволен од камионот на патеката: Зошто толку ризикуваа ?

Карлос Саинз, исто како и Пјер Гасли, се сомнева во одлуката толку брзо да се пушти камион на патеката во Јапонија со цел што поскоро да се отстрани неговиот болид по извртувањето и сударот.

Шпанецот се изврте на 12та кривина од патека и заврши во оградата при силен дожд  при што донесе безбедносно возило, а потоа и црвено знаме.

Пјер Гасли беше возачот кој поради фактот што тргна од боксот, беше последен и патем собра еден дел од бариерата кој беше на патеката по сударот на Саинз, таша што силно го оштети своето предно крило. Додека французинот минуваше крај болидот на Ферари, остана гневен што н патеката имаше камион задолжен за отстранување на болидот, присетувајќи се на инцидентот на Бјанки пред осум години.

Саинз беше запрашан за мислење откако се врати во боксот по инциденто и изјави:

не знам што не е јасно, но дури и позади безбедносно возило возиме 100-150 кмч и на та брзина секако дека не се гледа се и покрај тоа што сме бавни. ако некој се одлучи да не оди по тркачката линија и има аквапланинг или пак треба да промени нешто на управувачот, а на патеката има механизација, тука има голем проблем.

навистина не знам зошто при вакви услови како денеска требаше да се појави таков трактор или камион на средина од патеката, не вреди. ионака ќе имаше рвено знаме, зошто се ризикуваше механизација на патеката – во прашалници е саинз.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ