Саинз незадоволен од стратегијата на Ферари

Возачот на Ферари, Карлос Саинз изјави дека не бил задоволен од стратегијата на тимот и поради тоа бил гласен на тимското радио.

Тој имаше цел да го престигне Естебан Окон преку боксовите но сепак не успеа во тоа. Кога влезе Окон да менува, Саинз остана уште еден круг што според Ферари било да го покрие Хамилтон кој претходно променил гуми. Но Саинз верува дека со неколку кругови повеќе ќе бил пред Окон.

Беше тешка трка но мислам дека првото влегување во бокс беше изненадување бидејќи бев најбрз во моментот. Доста ги менаџирав гумите и можев да се обидам да направам оверкат на Окон. Но погрешивме и загубивме доста време.

Првиот круг по боксот беше три десетинки побрз од претходниот но не можеше да го престигне французинот.

Саинз изјави дека мора да ја разгледаат стратегијата со тимот.

Мора да видиме како направивме ваков превид бидејќи можеше да биде друго. Во чист воздух летав и ме фрустрираше што извртев само еден круг.

Шпанецот ја заврши трката на осма позиција откако погреши во Мирабеу и излезе од топ 5.

Беше лотарија за сите но јас најмногу погрешив.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ