Саинз немал добро чувство додека сопирал на мокро

Карлос Саинз изгуби 10 секунди поради неговите грешки и не стигна до својот прв подиум со Ферари на Имола за Време на Големата нагрда на Италија. 

Шпанецот стартуваше од 11та позиција на гридот и неколку пати излета од патеката на песочните делови. Како што се сушеше патеката, тој се најде во подобра позиција и стигна до 5то место пред да биде прекината трката поради инцидентот на Расел и Ботас. 

Серхио Перез се приклучи на листата на возачи кои излетуваа и со тоа Саинз дојде до 4та позиција зад Ландо Норис кој беше на софт гуми. Ниту возачите на Ферари ниту Норис не успејаа да го задржат нападот на Хамилтон кој од 9та позиција стигна до 2ро место. Но, ни вториот возач на Ферари, Шарл Леклер, не стигна до подиумот. 

Со оглед на тоа што ова е моја втора трка и прв пат на влажно, овој резултат е одличен, Но секогаш сакаш повеќе како си поблизу до подиумот.

Видов дека сум близу и знам колку време изгубив во песокот. Се обидував да сопирам, но немав чувство дека сопирам и тоа ми недостасуваше.

Во свиоците имав грип и ми се допаѓаше тоа. Направив грешка и загубив 10 секунди, но мислам дека брзо се вратив. Подоцна на суво бев многу побрз, но ми недостасуваше брзина. Научив вредни лекции.

Ова е прв пат да бидам брз на влажно и ризикував многу кога ги престасував болидите – ја објасни саинз својата трка.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ