Саинз: Не сум видел луда патека како Џеда

Карлос Саинз изјави дека патеката Џеда не е како ниедна каде возел до сега во неговата кариера. 

Формула 1 за прв пат доаѓа во Саудиска Арабија и возачите за прв пат ја пробаа новата брза патека на тренинзите во петокот. Се работи за втора најбрз патека во календарот, по италијанска Монца.

Ова е многу различно од се до сега што сум возел. Интензитетот на патеката и возбудата ми наликува на Макао, Но сепак е многу различна и многу брза, а ѕидовите се многу близу. Добро е што сите сме безбедни и се надевам така ќе продолжи и во сабота и недела. 

Шарл Леклер е единствениот возач кој заврши во бариерите во 22от свиок н Т2 во Петок, сесија која Саинз ја заврши на седма позиција зад болидите на Алпин, но очекува да се бори за понапред. 

Сигурен сум дека ќе се забрзам во текот на денот. Има добро темпо и ги пробавме гумите со различни нивоа на гориво. Во моментов се бориме со АлфаТуари, Алпин и Мекларен слично како во Катар. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ