Саинз објасни како заврши без поени

Карлос Саинз откри дека агресивен обид да го мине Ландо Норис преку боксот и абењето на гумите потоа, биле првата причина за тоа што заврши надвор од поени во Португалија, а беше лидер во средината од поредокот.

Шпанецот се квалификуваше на 5то место во Сабота, а по самиот старт го мина Серхио Перез и се возеше на 4та позиција, но на рестартот загуби позиции токму од Пере, но и од Ландо Норис, по што “падна“ на 6то место. Беше прв од најбрите кој лезе во бокс, тоа се случи во 21от круг кога своите први софт ги промени нажолто маркирани медиум.

По него истото го стори и Ландо Норис, а гумите на Ферари многу брзо се трошеа и Карлос стана жртва на оние кои имаа подолга прва серија, а последен го мина Пјер Гасли кој му го одзема и поенот за 10то место.

се изгледаше добро се до 24от круг. го притискавме ландо, но не успевавме да го минеме преку боксот поради тоа што заглавивме позади еден вилијамс. морав да притискам многу силно за да се обидам да го престигнам и тогаш медиум гумите почнаа да се уништуваат.

бевме први кои застанаа во гаража и од софт променија на медиум, но жолтите гуми не беа добри а нашиот болид, брзо се трошеа и се тргна наназад од тој момент – појасни шпанецот.

Шпанецот призна дека имало опција да променат на најтврдите гуми, но според анализата, сметале дека медиум повеќе ќе им одговара. Тој призна дека премногу притискал да го мине Норис и токму тоа притискање донело до уништување на гумите и губење на доста позиции подоцна.

мора да минете и низ вакви викенди и низ вакви трки за да се подобрите. искрено, ритамот цел викенд беше добар, тоа не беше нашиот проблем, туку проблемот беше стратегијата и тоа што притискавме прерано на гумите кои ги монтиравме.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ