Саинз: Оваа година научив најмногу

Карлос Саинз изјави дека во последната сезона оваа година добил многу информации кои ги надминале тие од својата прва деби сезона во 2015 година. 

Шпанецот имаше тежок почеток годинава и не можеше да му парира на својот колега. Како што течеше сезоната, тој беше се подобар и стигна до една победа на Британското Гранд При. 

Оваа година научив најмногу во мојата кариера, повеќе од 2015 година кога беше моја прва година во Формула 1.

сезонава беше потешка и мислам дека научив многу повеќе од првата сезона во која морав да го учам болидот и сите работи околу него. направив голем чекор во однос на моите можности и развој. Продолжувам да напредувам. Останувам оптимист за наредната сезона – посочи карлос.

Ферари го продолжи договорот на Саинз до крајот на 2024 година. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ