Саинз разочаран: Промената на гуми ми ја уништи трката

Карлос Саинз остана фрустриран по уште еден проблем на трка кој го чинеше многу поени за време на Јубилејното Гранд При викендов.

Шпанецот имаше пребавна промена на гуми во 23от круг и поради тоа беше пуштен во гужва губејќи многу позиции во однос на она каде се наоѓаше на стартот. Шпанецот трката ја заврши на 13то место кое не носи поени.

Можеби имаше многу среќа откако на самиот старт едвај успеа да го избегне Себастијан Фетел кој се изврте на патеката, нешто што можеше да му јза заврши трката по неколку стотини метри.

имавме силен старт и се обидов да го избегнам себастијан на првата кривина, а потоа имавме своја трка.

по првото менување останав подолго затоа што имав хард гуми и на тој начин ги минувавме останатите за да созддеме разлика и да дојдам во силна позиција за остатокот од трката. но, загубив околу пет секунди при мојата промена и се вратив во многу лоша позиција со многу болиди околу мене.

целата напорна и успешна работа беше уништена, тежок ден и почнувам да бидам фрустрирам затоа што ништо не се одвива како што треба за мене.

возев добро денеска и среќен сум со трката, но требаше да немаме проблеми за да дојдеме до поени – смета карлос.

Запрашан дали смета дека ќе завршел во поени без проблематичното менувањ, Карлос одговори:

да и тоа лесни поени. целата напорна работа од првата серија беше уништена по таа промена.

не мислам дека момците се виновни и не сакам да обвинувам никого. мислам дека имавме механички проблем во боксот.

секако дека сум разочаран, јас сум конкурентен возач и секогаш целам на успеси.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ