Саинз сака да се врати во форма

Карлос Саинз сака да се врати во константната форма од 2021 година, откако минатата сезона имаше многу откажувања. 

Иако тој стана победник на трка со Ферари на Силверстон во Британија и дојде до неколку пол позиции годинава, при што ја имаше својата најуспешна сезона во Формула 1, сепак на крајот на сезоната имаше 62 поени помалку од својот колега.

Саинз верува дека имало доста добри работи од оваа година, но сака да има уште подобри моменти во новата сезона и да биде поконстантен. 

На почетокот имав две последователни откажувања во Мелбурн и Имола, а подоцна имав лош инцидент од пол позиција во Остин. Имаше добри и лоши моменти. Наредната година сакам што повеќе добри моменти и сезона без проблеми – посака шпанецот.

Тој е свесен дека и покрај тоа што има победа на трка, мора да има поконстантни резултати за да го повтори успехот од 2021 година. 

Целта е да бидам поконстантен и да се борам за титулата. Доколку си напред, најлошиот резултат е петта или шеста позиција, но со толку откажувања се губат многу поени.

Верувам дека можам да си ја вратам формата од 2021 година. Ние сме еден од најдобрите тимови во светот и мора да сме на високо ниво за да се избориме со остантите тимови. Најважно е да имаме конкурентен болид. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ