Саинз свесен дека ризикот не му се исплател

Карлос Саинз остана фрустиран од исходот на Гранд При трката во Монако откако заврши на 8мо место, а се надеваше на подиум.

Тој беше веднаш зад Естебан Окон од Алпин на почетокот од трката, а кога излезе од бокс зад него, очајнички се обиде да го мине на шиканата, но се што направи е оштетување на своето предно крило. Пред промената тој верувал дека треба да оди на долга серија затоа што претходно долго менаџирал со гумите, но Ферари се решија да го повикаат за д си ја заштитат својата позиција од Луис Хмаилтон.

Додека врнеше направи уште една грешк и се изврте на Мирабо по што падна зад колегата Шарл Леклер, а загуби позиција и од Пјер Гасли при следната промена на гуми.

монако е лотарија и ризик за сите, а веројатно јас го извлеков најдебелиот крај. првата промена на гуми беше соминтелна и ќе ја ревидирам затоа што бев многу брз и мислам дека со чист воздух пред себе ќе одработев одлични кругови. менаџирав долго претходно и поради тоа бев незадоволен што ме повикаа на промена, но не требаше да го покажам тоа преку радиото.

втората промена беше лотарија дали ќе погодиме или ќе направиме пропуст, никој не можеше да каже дали менуваме круг прерано или круг предоцна – вели саинз.

Во врска со своето извртување прокоментира:

штом почнав да кочам го загубив задниот дел од болидот и се извртев на начин за да ако ја допрам оградата имам минимална штета. сите се извртуваа, а јса нежно допрев до оградата, но загубив позиција иако поважно беше што немав штета.

беше ризично, а гумите се катастрофа во такви услови без оглед дали бевме на инермедиа или мазни гуми, се работеше за преживување.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ