Саинз сениор: Ауди покажува интерес за клучни луѓе

По неодамнешното преминување на Андреас Сеидл од Мекларен во Заубер, се поттикнаа гласини за иднината на тимот со Ауди од 2026 година. 

Во рок од една недела се променија четири шефови на тимови, а најинтересен беше преминот на Андреас Сеидл кој е поранешен шеф на Порше ЛМП1 програмата. Според Карлос Саинз сениор, преминот покажал колку Ауди се сериозни во својата намера. 

Доаѓањето на Сеидл само ми покажа колку сериозен пристап ќе имаат Ауди во Формула 1. Сеидл е гаранција за сериозната работа и успех кој триумфираше со Порше на Ле Ман и ги врати Мекларен на успешен пат – потседи рели легендата.

Откако Сеидл го превзема тимот, Мекларен стигна до осум подиуми и една победа во Италија во 2021 година.

Самиот Саинз возеше за Ауди на Дакар и верува дека искуството на Сеидл е доста важно за производителот кој треба да го донесе Заубер на врвот. 

Сеидл е поврзан со целата група, носи големо искуство и брзо ќе се прилагоди во тимот. Тоа не ме изненадува и беше логичен потег. Ауди е способен да победи и да биде успешен. Нема да биде лесно, но сигурен сум дека ќе успеат. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ