Саинз се надева дека договорот со Ферари ќе и помогне на Шпанија

Карлос Саинз се надева дека неговиот трансфер во Ферари ќе помогне да ја осигура иднината на Шпанското Гранд При.

Веќе имаше вести дека шпанските телевизиски канали се подготвуваат за битка од 100 милиони евра за правата на преност во Формула 1, откако Саинз потпиша за Ферари за следната година. Исто така, како дел од играта е иднината на Шпанското Гранд При во Барселона, чие место на календарот во 2021 година е несигурно.

Не знам кои се причините, но се надевам дека “Саинз во Ферари“ ќе помогне. Разбирам дека луѓето сакаат да ме видат во црвено, како се борам за победи и подиуми, но 2020 година е поинаква и во која ќе мора да работиме напорно.

Размислувам да се појавам во Британија следната недела, Ферари да ги оставам “во фиока“ и да размислувам 100 проценти на Мекларен. Сите во Мекларен беа добри кон мене, дури и менаџерите и акционерите ми честитаа. Тоа не сакам и нема да го заборавам.

Не сме се тркале од Декември и кога ќе се појавиме на патеката, тоа ќе се покаже, Но не сметам дека ќе има повеќе инциденти поради тоа. Ние сме Формула 1 возачи и имаме талент. Физичката подготвеност ќе ни влијае повеќе, поради недостатокот од тркање.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ