Саинз се надева дека нема да треба да се навикнува на здодевното потскокнување

Карлос Саинз се надева дека возачите нема да имаат потреба да се навикнуваат на здодевното потскокнување на боидите сезонава и дека инженерите во тимот ќе го решат тој проблем.

За време на првиот рпедсезонски тест во Барселона минатиот месец, болидите чудно потскокнуваа поради новата аеродинамика на главниот правец при голема брзина. Ефектот се појави поради новата аеродинамика каде потисната сила се генерира од подот, така што инженерите треба да најдат начин да го отстранат проблемот.

Сепак, јасно е дека ослободување од потскокнувањето без при тоа да се загуби перформанси ќе биде доста тешко, така што се чини дека возачите во одредена мера ќе мора да се навикната.

јасно е дека чувството не е убаво особено кога возите 300 кмч и поскокнувате 3-4 сантиметри од земјата како лудо, навистина е здодевно. се надевам дека ќе биде решено и дека нема да мора ние да се привикнеме и да го прифатиме.

мораме да им веруваме на инженерите и на сите од тимот дека ќе дадат од себе и ќе ја решат ситуацијата со овие болиди со земјен ефект – се надева саинз.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ