Саинз среќен за Мекларен

Шпанецот Карлос Саинз мина две сезони во Мекларен пред да донесе одлука да мине во Ферари за оваа година, а неговото место го превзема Даниел Аикрдо.

За време на својто престој во Вокинг во 2019 и 2020 година, Саинз стигна до два подиуми на трка, а на ланското Италијанско Гранд При беше многу блиску да донесе победа за тимот. Поради сето тоа, тој изјави дека е среќен од успесите на неговата поранешна екипа по 1-2 победата за “портокаловите“.

на монца годинава имаа уште посилен ритам од лани, а и лани бевме многу брзи, но како годинава. комбинацијата од одличен старт и силен ритам успејаа да ја изменаџираат викендов и морам да им честитам.

како што знаете, тоа е екипа која многу ја ценам и на некој начин сум многу среќен за моите поранешни инженери и колеги што стигнуваат до ваков успех. тие работат многу напорно, имаа тешки моменти во минатото, но тие се историска и трофејна екипа и сигурен сум дека ќе победуваат – очекува карлос.

Со освоените огромни 45 поени од страна на Мекларен викендов, тимот дојде пред Ферари во борбата за конструкторскиот поредок. Во пресрет на Монца, Скудерија беа 3ти, но по “Храмот на брзината“, тимот од Маранело зостанува 13,5 поени на 8 трки до крајот на сезоната.

за жал тие се борат со нас во шампионатот, а во монца дојдоа до најлошиот можен резултат за нас. но, во домет ни се, тие ги користат своите шанси и за тоа мора да им се честита, а ние ќе пробаме да ги победиме уште следната трка во русија.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ