Саинз уверен дека бил најбрз во Канада

Карлос Саинз изјави дека е уверен дека бил најбрзиот возач на патеката Жил Вилнедв во Канада. 

Тој досега имаше тешка сезона исполнета со многу проблеми и заостанува зад својот колега Шарл Леклер во однос на квалификациите и трките. На последната трка во Канада, тој го бркаше Макс Верстапен во последниот дел од трката со нови гуми, но не успеа да го предизивка. 

Имавме тешка борба со Макс. Знаев дека ми недостасува брзина за да може да го стигнам. Ми недостигаше две десетинки за да го престигнам. Бев блиску до ѕидот за да можам да одам побрзо – посочи шпанецот.

Ова е петти подиум за Саинз оваа сезона и сега заостанува 24 поени зад Леклер. 

Споредено со Ред Бул бевме побрзи во текот на трката. Прв пат оваа сезона да сум најбрзиот на патеката и се надевам дека вака ќе продолжам на наредните трки. Две три десетинки не се доволни да се помине Ред Бул и Макс. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ