Саинз уверен дека сега може да форсира со болидот

Карлос Саинз се чувствува многу поудобно во неговото Ферари по силната трка во Канада каде конечно имаше шанса да вози на лимитот без страв од излетување.

Од почетокот на сезоната, тој имаше доста проблеми и не заврши неколку трки обидувајќи се да се справи со болидот. Но, по последната трка во Канада каде тој беше најбрзиот на патеката, шпанецот верува дека конечно се справил со проблемите. Иако не победи, сепак можеше да го форсира Макс Верстпен во последиот дел од трката. 

Се надевам, бидејќи до пред неколку трки не верував дека ќе можам побрзо да се справам со проблемите. Сега се фокусирам на патеката и да извлечам максимум перформанси и конфорт во болидот. Мислам дека уште на Т1 бев брз како и на квалификациите и трката. 

На трка возев без никаков проблем и страв дека ќе излетам како во Барселона. Направивме напредок и болидот повеќе ми се допаѓа и тој функционира, Но во исто време има нови патеки и различни свиоци на кои ќе треба да се навикнам. 

Матиа Биното верува дека Саинз докажал дека може да се бори за победи и тоа е важно за тимот дека може да сметаат на него. 

Сигурен сум дека имаше добра трка и стекна доста самодоверба бидејќи кога е брз тој е среќен и релаксиран. Сигурен сум дека на наредните трки ќе покаже дека е достоен за победа. Навистина сум среќен со начинот на кој возеше и тоа е важно за нас како Скудерија. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ