Саинз: Фокусот ни е на трката, не на квалификациите

Карлос Саинз посочи дека фокусот на Ферари е на перформанси на трката и дека поради тоа страдале на квалификациите иако можеле да стартуваат од топ 3. 

Ферари има слаб старт оваа сезона и тимот се мачи на трките, но сепак овој пат фокусот е променет. Шпанецот се квалификуваше на 5та позиција и смета дека не загубиле брзина во болидот СФ-23 туку го промениле фокусот на перформанси на трката. 

Мислам дека напредувавме со болидот. Направивме доста подесувања во конфигурирањето и се чувстувам поудобно.

Штета е што не можевме понапред и загубив неколку десетинки во првиот сектор. Тоа ме чинеше топ 3 позиција, но е мотивација за мене и тимот.

Имав лош круг за подготвување, Ми кажуваа дека доаѓаат брзи болиди, но тоа не беше случај секогаш. Ги оладив гумите и загубив доста – објасни карлос.

Саинз не сакаше да навлегува во детали за промените, но само откри дека имаат различен пристап на викендот за да имаат добра трка. 

Немам идеја што е променето, но вистинскиот тест е утре. Имаме промени во конфигурацијата и се надевам дека ќе се исплатат. Се надевам на добра трка. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ