Саинз: Формула 1 треба да учи од кривините на Муџело

Карлос Саинз смета дека свиоците на Муџело прават подобри трки и тоа треба да се размисли за наредните дизајни на Формула 1 патеки. 

Шпанецот смета дека овие кривини им овозможиле на возачите во Формула 2 и Формула 3 да возат по различни линии и со тоа да го направат тркањето поатрактивно. 

Саинз претходно го доведе во прашање ризикот и наградата на Спа поради големите асфалтни делови за излетување, додека на Муџело излетување значи песок. 

Искрено, патеката ми е многу забавна. Се повторуваат свиоците, но е многу забавно. на оваа патека ми се допаѓаат две работи, Тоа е песокот покрај патеката и тоа треба да им даде на ФИА доверба дека ваквите делови за излетување се за заштита на лимитите на патеката и сите тие кои не ги почитуваат ќе бидат казнети.

Тука не треба да се потценуваат свиоците. Доколку гледате Ф2 и Ф3 може да видите различни линии во долгите свиоци. Може да сте повисоко или пониско во свиокот зависност од грипот кој го имате – анализира карлос.

Саинз не е љубител на модерните патеки. 

Не знам зошто Фоемула 1 не оди на вакви свиоци, но јас не сум фан на новите патеки. Во Абу Даби и во Русија имате досадно тркање.

Доколку ги видите кривините на муџело, тие дозволуваат различни линии и сите работат на предниот дел на аеродинамиката на болидот што прави подобро шоу и тркање. Нешто треба да се научи од ова. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ